ФИФА на претставувањето на топката со која што ќе се игра собирот во азиската држава го потврди новиот систем за детектирање на офсајд позиции, со цел да се избегне долгото чекање при спорни моменти.

Advertisements

Главното „оружје“ во оваа ситуација ќе биде новата топка на „Адидас“, која во себе ќе има микрочип и тој преку сателитски сигнал веднаш ќе ја дава својата положба при додавањето кое е спорно. Со имплементирањето на полуавтоматското одредување на офсајд позиции, ФИФА се надева дека дополнително ќе помогне за целосна исправност кон сите учесници.

Новата фудбалска топка „Ал Рихла“ која на арапски значи патување ќе го има чипот, а најавена е и како најбрзо патувачка досега, со цел да се обезбеди побрза игра и да се следи трендот на модерниот фудбал./Gol.mk/

Прикажи повеќе