Ситуацијата со пожарите е драматична и во Грција, каде има активни околу 40 пожари.

Пожар избувна на островот Eвија, каде властите наредија евакуација. Поради пожар и во предградието на Атина е намалена видливоста од густиот чад.

Уште од рано изутрина во гаснење на пожарите се вклучени хеликоптери и авиони.

– Се надеваме дека ќе го ставиме под контрола пожарот пред да почне повторно да дува – изјави командантот на противпожарната бригада.