Во Франција денеска ќе го одбележи националниот празник, Денот на падот на Бастилја, со воена парада, што минатата година не се одржа поради пандемијата на коронавирусот. Елисејската палата објави дека гледачите, максимално 25.000 долж авенијата ќе мора да носат маски и да ѝ покажат на полицијата санитарна пропусница, односно потврда за вакцинација, негативен тест за коронавирус или потврда за прележан ковид-19. Празникот ќе заврши со голем огномет на Ајфеловата кула. Огномет ќе биде организиран и во други градови во Франција, а почит ќе биде им оддадена на жртвите од терористичкиот напад што се случи на 14 јули 2016 година во Ница и во кој беа убиени 86 лица.

Advertisements

Прикажи повеќе