Црна Гора го потпиша договорот со Српската православна црква, кој предвидува регулирање на односите меѓу Црна Гора и СПЦ чие седиште е во Белград. Договорот беше потпишан без претходна најава и без присуство на новинари. Утринава пак, во Подгорица пристигна патријархот на СПЦ, Порфириј.

Advertisements

„Чест и задоволство ми е што ми се укажа необичната можност да го потпишам Основниот договор со СПЦ и да го затворам ова прашање на убав, соодветен и достоинствен начин“, изјави Дритан Абазовиќ, премиер на Црна Гора.

Патријархот Порфириј на својот Инстаграм профил напиша „Слава на Бога“, заедно со објавата дека е потпишан Основниот договор.

Државната вила „Горица“ каде беше потпишан документот е под строги безбедносни мерки откако дојде до протести на лица кои беа против него.

Основниот договор со СПЦ од моментот на неговото објавување предизвика конфликт во Владата на Дритан Абазовиќ и меѓу пратениците на владејачкото мнозинство. Дел од владејачкото мнозинство ДПС и Социјалдемократската партија соопштија дека Основниот договор е против националните интереси на Црна Гора, не е во согласност со Уставот и законите. По потпишувањето, прва реагираше Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, која најави дека ќе преземе иницијатива за гласање доверба на Владата на Абазовиќ.

„Договорот потпишан денеска, кој е спротивен на Уставот на Црна Гора, ќе биде суспендиран веднаш по изборот на новата Влада“, велат од ДПС.

Партијата на Ѓукановиќ, како најбројна во Парламентот, досега ја поддржуваше малцинската влада на Абазовиќ. Инаку, Основниот договор кој ги регулира односите меѓу СПЦ и Црна Гора предвидува низа обврски на државата кон црквата. Со договор, државата го признава правниот континуитет на СПЦ од 1219 година, шест века подолго од СПЦ во Србија. Договорот ѝ дава на Српската црква разни овластувања и отвора можност за воведување веронаука во училиштата. Дополнително, државните органи не можат да преземаат безбедносни мерки во црковните храмови без претходно одобрение од надлежните црковни органи, а државата се обврзува да го запише целиот нерегистриран недвижен имот во сопственост на епархиите на СПЦ во Црна Гора. /Алсат