Во Бугарскиот културно информативен центар во Скопje денеска се одржа средба на претставници на бугарското Министерство за образование и наука и Извршната агенција за Бугарите во странство со кандидат студентите кои сакаат да студираат во Бугариja, јавува Трибуна.
Средбата е дел од информативната кампања на Министерството за образование и наука на Република Бугарија за приемот на државјани на РС Македонија во бугарските високообразовни институции за 2024-2025 според одлуките на бугарската влада ПМС 103/1993 и ПМС 228/1997.

Пред присутните се обрати амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов, кој им посака успех на кандидат студентите на нивниот пат кон стекнување на високо образование во бугарските образовни инстититути.
Претставниците на бугарското МОН детално го објаснија редот по кој секој кандидат студент од РС Македонија може да го продолжи своето високо образование во Бугарија. Тие дадоа информации за датумите за приемните испити, кои ќе се одржат онлајн. Исто така детално ги информираа присутните за потребните документи, начинот на полагање на испитите и условот за положување на испитите.

Презентерите од МОН ги информираа присутните исто така, од каде можат да добијат материјали за општите испити по бугарски јазик и историја на Бугарија и стручните испити за посебните факултети по медицина, стоматологија, уметничките факултети и др.
Сите заинтересирани можат да најдат повеќе информација на следниот линк, каде што тимот на бугарското Министерство за образование и наука, детално го објаснува процесот и потребните услови за студирање во државните високообразовни институции на Бугарија: Добредоjдовте во Бугарија
Потсетуваме дека средба од ваков вид се одржа во Битола, а утре со почеток од 11 часот средбата на претставниците на бугарското МОН и Извршната агенција на Бугарите во странство ќе се одржи во Општинскиот младински центар во Струмица.





















