Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, на денешната прва средба во новата годна, одлучи да продолжи полицискиот час во Албанија, како и забраната за летови со Велика Британија.

– Продолжува полицискиот час од 22:00 до шест часот. Универзитетите продолжуваат со онлајн настава засега и во следните две недели а забраната за летовите со Велика Британија е продолжена до 18 јануари, информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик-министерка за здравство и социјална заштита.

Според неа во последните две недели е забележан благ пад на новозаразени, но вчерашниот висок број предупредува дека „мора да бидеме многу внимателни“.

– Очекуваме да има можни последици од собирите и групирањата за време на празниците, посочи Ракацоли.

Засега нема целосни податоци за присуство на новиот вид на Ковид-19 Албанија.

– Во периодот од 23 декември до 5 јануари инциденцата е малку намалена. Во споредба со претходните две недели нивото на инциденца е 177 случаи на 100 илјади жители а позитивноста е 22 проценти. Просечната возраст на потврдените случаи е 47,5 години, истакна директорка на Институтот за јавно здравје и членка на комитетот на експерти, Албана Фицо,

.Таа додаде дека има раст на новозарзени кај возрасната група од 25 до 34 години, поради што апелираше на поголема внимателност кај младите.