Помирувачот помеѓу СОНК и Владата е десна рака на министерката Јованка Тренчевска, ова е измама, власта ги понижува наставниците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е Владата, односно Ковачевски и Тренчевска“, се наведува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени.

„Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите. Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, а останатото е притискање на наставниците да ги прифатат условите на власта“, посочуваат од опозициската партија.