ВМРО-ДПМНЕ предлага пакет мерки до власта на СДСМ и ДУИ со цел да се изнајде решение за кризите во кои се наоѓа Македонија, нагласуваат од опозициската партија.
Од таму објаснуваат дека тоа се состои во формирање на четири тима од експерти во делот на економијата, надворешната политика, здравството и образованието кои, како што велат, треба да помогнат „про боно“ за изнаоѓање на решенија за проблемите кои ги тиштат граѓаните.
„Ова се проблеми во голема мера предизвикани од неодговорните и непромислените политики на оваа власт или од нивната неспособност и аматеризам. Оттука произлегува и потребата за утврдување на датум за што поскоро предвремени избори како излез од низата кризи во кои западна Македонија.
Доколку Ковачевски не е тој кој што носи вакви одлуки во СДСМ и му е незгодно да понесе одговорност, тогаш подготвени сме да разговараме со тие кои ги креираат политиките во СДСМ било тоа да е Заев или Шекеринска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека СДСМ треба да се издигне над ситуацијата и да ги стави во прв план интересите на граѓаните.