Безбедноста е врвен приоритет во едно демократско општество. Владата на Република Северна Македонија го осудува чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и смета дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности, се вели во реакцијата од Владата.
До таму воедно додаваат:
Сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок.
Но, во официјалното соопштение на МВР стоеше дека запаленото АУДИ А6 е во сопственост на друго лице, не на Артан Груби. Сепак, според реакциите и објавата на неколку медиуми очигледно е дека возилото е негово. Иако, Артан Груби како прв вицепремиер го нема пријавено ова Ауди во анкетниот лист, нешто што е задолжително за секој функционер кој стапува на функција.