Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ќе преминат на зимско сметање на времето меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври). Во три часот по полноќ, часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно времето во три ќе се брои како два часот.

Специфично за земјава е тоа што промената на времето ќе се случи ноќта пред вториот круг од локалните избори.

Зимското сметање на времето започнува секој последен викенд од октомври и трае до последниот викенд од март следната година, кога повторно започнува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март 2019 година гласаше за укинување на сезонското пресметување на времето од 2021 година. Но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовникот во БЕ.

Сезонската промена на времето, покрај за Европа, важи и за многу земји од Централна и Северна Америка, како и за неколку други земји во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.