Во ледената бура што ги погоди САД загинати се најмалку 34 лица, а се очекува бројката да се зголеми бидејќи многу жители се заробени во своите домови околу кои има снежни наноси, а исклучена е и струјата во стотици илјади домови и деловни објекти.

Според официјални податоци, 34 лица загинале ширум САД, а најтешко е погоден градот Бафало во државата Њујорк, каде што животот го загубиле 12 лица. Четири лица загинаа во Канада кога автобус се преврти при движење на замрзнат коловоз кај градот Мерит, во западната провинција Британска Колумбија. Загинати има и во Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо.

Advertisements

Обемот на бурата беше речиси без преседан, а се протегаше од Големите Езера во близина на Канада до Рио Гранде вдолж границата со Мексико.

Околу 60 отсто од населението се соочило со некакво предупредување за бура, а температурите нагло паднале под нормалата, соопшти Националната метеоролошка служба.

Околу 1 346 домашни и меѓународни летови биле откажани.

Западната американска држава Монтана беше најтешко погодена од студот, а температурите се спуштија до минус 45 Целзиусови степени.