По изведбата на бројни македонски песни како „Македонско девојче“ и легендарната песна од Јонче Христовски  – „Ако умрам ил’ загинам“, јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, денес не изненади со изведба на „Денес над Македонија​“— државната химна на нашата земја.

„Јас сè уште не знам да зборувам македонски, но знам важни зборови, како „слободата“, „правдини“ итн., со учење на песните“, стои во објавата на твитер – профилот на оперскиот пејач на која се гледа како се подготвувал за оваа изведба.

Видеата кои Котецу ги снима во Токио ги споделува на својот официјален ЈуТјуб канал.

Нашиот тенор, Благој Нацоски, кој е близок пријател на јапонскиот оперски пејач активно го поддржува на социјалните мрежи при неговите изведби.

Вистинко уживање е да се слушне и оваа изведба на Котецу: