Златан Ибрахимовиќ по подолга пауза поради повреда конечно вчера се врати на терените.

Ибрахимовиќ одигра пет минути во победата на Милан од 2:0 над Торино во 17. коло од Серија А и веднаш го привлече вниманието на јавноста.

Овој пат Златан ги изненади Италијанците поради начинот на кој се загреваше пред да влезе во игра.

Имено, иако долго време имаше повреда на мускулот на ногата, тој одлучи да се загрева пред да влезе во игра така што со нога поминуваше над главата на кондицискиот тренер на „росоњерите“.