Португалецот Жозе Мурињо вчера заработи отказ на клупата на Тотенхем. Него ќе го замени 29-годишниот Рој Менсон до крајот на сезоната. Медиумите го снимија Мурињо како ја испразнил својата канцеларија во Тотенхем и ги собрал спомените и највредните работи. Дури потоа објави и видео на Инстаграм во кое ги сминил новинарите велејќи дека и денеска не му даваат мир. Сепак, како што вели тоа е неговиот живот.