Вечерва и во првиот натпревар од 13 коло во најсилното германско првенство составот на Унион Берлин продолжува да изненадува откако на домашен терен ја совлада екипата на Борусија Дортмунд (2:1).

Играчите предводени од швајцарскиот тренер Фишер пред шест дена не загубија од актуелниот шампион Баерн Минхен (1:1), а сега „Железните“ ги надиграа „милионерите“.

Стрелци на головите за домашната екипа беа Авонији (57`) и Фридрих (78`), а кај гостите реализираше Мукоко во 60 минута од средбата. Јусуфа Мукоко со овој погодок за „црно-жолтите“ стана најмладиот стрелец во најелитното германско натпреварување.

Моментно на бундеслигашката табела води Баер Леверкузен со 28 бодови, по 27 имаат Баерн и Лајпциг, 22 има Дортмунд на четвртото место, следуваат Унион Берлин и Волфсбург со по 21 бод.

Унион Берлин доколку продолжи сезонава со ваквите успешни игри, сериозно може во понатамошниот дел од шампионатот да биде во трка за една од позициите кои водат во групите на ЛШ.