По тажната вест за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, неговите колеги, обожаватели и пријатели од целиот Балкан достоинствено се збогуваа со него.

Во неговиот роден град Нови Сад, стотици граѓани дојдоа да му оддадат почит на прерано починатиот великан, а почит му беше оддадена и во Загреб.

Во Нови Сад од синоќа почнаа да се собираат луѓе кои со болка ја пееја неговата песна „Кад одем“, проследени со серија други негови композиции, од кои секоја завршуваше со голем аплауз.

Знамињата на градските инситутции беа спуштени на половина копје во знак на жалост.

И во центарот на Загреб, на улицата Илици се собраа голем број луѓе пеејќи ги неговите песни и  оддавајќи му почит за последен пат на музичарот.

Тие му ја остварија желбата на Балашевиќ која ја опеа во песната „Стих на асфалту“ – „Да ми је још једаред проћи Илицом, па да бећарац напишем ћирилицом“ и на транспарент на кирилица напишаа „бећарац“