Во првото продолжение од натпреварот, репрезентацијата на Англија постигна гол преку Кејн. Гол кој и донесе и златна победа на Англија, важна за европскиот пат. Италија сега веќе го знае и својот противник во големото финале закажано за в недела.

  • Преглед на натпреварот

Во првите 25 минути од натпреварот без големи шанси за постигнување на гол. Во 30. минута Данска преку одличен гол, Дамсгард донесе водство за репрезентацијата. Осум минути подоцна следуваше голема шанса за Англија, но за голманот тоа беше одбранливо. Пред самиот крај на првото полувреме и нов шок. Симон Кјаер несреќно шутираше кон напаѓач и постигна автогол, по што резултатот се изедначи на 1:1.

Во 55. минута од второто полувреме Каспер Шмајхел сензационално го брани обидот со удар со глава на Хари Мегваер од околу 11 метри. По ова следуваа и неколку измени кај двете репрезетнации.

Во 74. минута имаше мал спор, па беше консултирана и ВАР технологијата. Кане падна во шеснаесетикот по дуел, но судијата ги отфрли жалбите на играчите. Играта продолжи иако играчите бараа пенал, по што судијата реши да ја прекини играта и да ја консултира ВАР технологијата. И по консултациите, судијата одлучи дека нема пенал за Англија, играта продолжи.

До крајот на натпреварот без големи закани кон голот на екипите, па резултатот остана 1:1. Натпреварот мораше да добие две продолженија за да се добие и победник.