По шестипат во неговата професионална кариера годината ја завршува на првата позиција на АТП листата.

И на тој начин со тој огромен резултат на вечната листа се израмни со американската тениска легенда Пит Сампрас.

Српскиот ас во 2020 година ги освои трофеите на грен слем турнирот „Австралија опен“, Мастерсите во Синсинати и Рим, како и титулата во Дубаи.

Исто така годината ја започна со голем успех со националната репрезентација на Србија освојувајќи го АТП купот. Севкупно заработи 6.511.233 милиони долари.

Во продолжение погледнете го најдоброто од првиот светски рекет во едно видео објавено од „Спорт клуб“: