Челзи е првак на Европа. Ја осови Лигата на шампионите, иако беше аутсајдер против Манчестер Сити. Сепак, се чини дека најголема заслуга има тренерот Томас Тухел кој тактички го надмудри големиот Пеп Гвардиола. Но со самото доаѓање на клупата на Челзи, Тухел го препороди лондонскиот тим кој до тогаш играше под водство на легендата Френк Лампард.

Се славеше овој успех до доцна во ноќта, а се појави и видео од соблекувалната. Кога Тухел влезе, настана хаос. Погледнете.