Агенцијата Анса пишува дека во гаснењето на пожарот се мобилизирани 7.500 лица, хеликоптери и канадски авиони, 1.500 луѓе биле евакуирани од своите домови, а како што се проширил пожарот, синоќа биле евакуирани туристи кои летувале во пристаништето Порто Алабе.

Advertisements

Претседателот на регионот на Сардинија, Кристијан Солинас, прогласи вонредна состојба на островот и побара од владата во Рим итна помош заради штетите предизвикани од пожарот досега: Изгореа 10.000 хектари земја, шуми и ливади, животни угинаа, куќи и бизниси уништени.

Прикажи повеќе