Во рамките од 19 коло во Премиер лигата екипата на Тотенхем ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Шефилд јунајтед (1:3).

Орие и Кејн беа стрелци во првото полувреме, а домаќините успеаја само да намалат преку МекГолдрик во 59 минута од средбата.

Конечниот епилог го постави Ндомбеле со еден фантастичен лоб после асистенцијата на Бергвајн (62`).

Играчите на менаџерот Жозе Мурињосе на четвртата позиција со 33 бодови, три помалку од водечкиот Манчестер јунајтед кој има меч помалку.

Шефилд останува на последното место закован со пет бода после 16 пораз сезонава.