Младата женска одбојкарска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 19 години, под водство на селекторот Ненад Михајловиќ ги продолжува подоготовките за настапот на Европското првенство 2022, чијшто организатор ќе биде ОФМ. Празничниот јануарски период за нив минува во базата во Берово каде што стручниот штаб првпат има можност на натпревар да ги тестира квалитетите на 18-те одбојкарки од скратениот список. Тоа значи дека овој пат одбојкарките работат на тактички план.

„Играме спаринг натпревари, така ќе биде се до десетти. Повеќе од десет години сме без женска репрезентација, што е долг период. Акцентот беше ставен на машката репрезентација, но еве дојдоа и нашите времиња, имаме многу таленти и жално ќе биде ако не се искористи овој момент“, изјави за Утрински брифинг координаторката за женска одбојка Емилија Терзиевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото: