Германија утре вечер со почеток во 20:45 часот е домаќин на Македонија во 3.коло од квалификациите за пласман на СП 2022. „Панцирите“ се лидери во групата со максимални шест бодови од два меча, а Македонија има еден пораз и една победа.
Неколку промени селекторот на Германија најави, а една од нив е на голот. Тер Штеген ќе брани на местото на капитенот Мануел Нојер.
Тер Штеген брани за Барселона, а нашиот Енис Барди игра во Леванте. Ова значи дека нема да им биде прв меѓусебен дуел. Впрочем, Тер Штеген се уште го памети Барди и неговиот евро гол на пресметката одиграна пред три години. Голот на Барди тогаш беше во конкуренција за гол на месецот во шпанската лига.
Голот на Барди е на 52 секунда.