Таткото на Меган Маркл, Томас, со кој поранешната војвотка од Сасекс веќе подолго време не е во добри односи, денес ги демантираше тврдењата на неговата ќерка кои ги изнесе во интервјуто со Опра и рече дека има „голема почит кон кралското семејство“.

Сите правиме грешки – но јас никогаш не сум играл билјард гол, ниту сум се облекол како Хитлер“, изјави тој за „Good Morning Britain“, алудирајќи на Хари.

Profimedia
Profimedia

Опишувајќи го својот последен телефонски повик со Хари, Томас рече дека разговорот не завршил добро.

Хари ми кажа: „Да ме слушаше, ова немаше да ти се случи“. Ми го кажа тоа додека лежав во болница по операција откако добив срцев удар, тоа беше толку одвратно, одвратно, морав да го прекинам разговорот“, изјави Томас потврдувајќи дека никогаш не го запознал својот внук Арчи.

Но, таткото на Меган додаде дека би сакал да ги попрви односите со својата ќерка и зетот Хари.

Жал ми е за она што се случи. Тоа беше пред две години. Но, се обидов да надокнадам. Сега сме оддалечени само стотина километри. Никогаш не престанав да ја сакам. Не се согласувам со сите работи што ги прават моите деца, но, секогаш ќе ги сакам. Секако дека ја сакам Меган“, рече Маркл велејќи дека навистина жали што не е во никаков контакт со нив.

Меѓутоа, таткото на Мегна зачудувачки застана во одбрана на кралското семејство откако во интервјуто со Опра, Меган и Хари обвинија еден член за расизам, но сепак не сакаа да го именуваат.

„Мислам дека британското кралско семејство воопшто не е расистичко. Не мислам дека британците се расисти – мислам дека Лос Анџелес е расистички град, дека Калифорнија е расистичка држава, но не и британците. Целава оваа работа за бојата на кожата на бебето, претпоставувам и се надевам дека тоа било само глупаво прашање од некого… Ако некој само поставил глупо прашање, не мора да значи дека е расист“, рече тој.

„Сакав да се самоубијам“: Меган Маркл и принцот Хари ја шокираа светската јавност во интервјуто со Опра Винфри

Делови од интервјуто во кое Меган зборуваше за своето семејство не беа прикажани во неделата, тие беа објавени дополнително.

Меган зборуваше за својата мајка Дорија Регланд и ја пофали што била достоинствена четири години. Таа ја спомена и нејзината полусестра Саманта, која објави книга за нивната врска и рече дека не се блиски и не се знаат доволно добро, а воедно посочи и дека Саманта си го сменила презимето во Маркл откако Меган се оженила за Хари.

Опра Винфри ја даде својата прва изјава по интервјуто: И зад камера извлекла важни информации од принцот Хари