Надзорна камера го сними моментот кога со мотор беше прегазено куче на улица во Скопје. Снимката ја објави на социјалните мрежи сопственикот на кучето кој повика на одговорност.

„Го уби ладнокрвно и избега, како да го казниме монструмов што ми го усмрти кучето, ќе го познае ли некој?“, праша сопственикот, Игор Димовски.