Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ минатата година се зарази од коронавирусот, но за среќа без никакви последици по нејзиното здравје. Имено, таа денес била вакцинирана со првата доза на кинеската вакцина „Синофарм“ на белградскиот саем, пренесува Ало.рс.

Денес, пред бројните медиуми и здравствените работници, пејачката ги повика сите граѓани да се вакцинираат со цел пандемијата на коронавирусот да заврши што побрзо.

Се чувствувам одлично. Чувствував должност кон секого, кон државата и кон моите најблиски. Едвај чекам да имаме повторно концерти, едвај чекам да се прегрнеме, ова стана досадно, сакам да апелирам до сите луѓе, не сум љубител на игли, но и навистина не боли. Се одлучив за кинеската вакцина, изјавила пејачката, додавајќи дека „организацијата за вакцинација била на врвно ниво“.

Мислам дека сме единствените во светот кои можат да изберат вакцина со која ќе се вакцинираат, ја имавме таа привилегија. Повеќето од оние околу мене прифатија кинеска вакцина, па решив да го сторам истото. Бидејќи веќе без заразена од коронавирусот, како што е познато, имав одредена количина антитела, па тоа го направив сега по совет на лекар, додала Цеца.