Се разбуди најголемиот и највисок активен вулкан во Европа, Етна, објавија италијанските медиуми.

Лавата од Етна се излеала во два крака, првиот кон напуштената долина Бове, а втората во северниот дел на кратерот на вулканот.

Вулканската пепел покрила повеќе автомобили во селата на Сицилија, а локалните власти известиле дека црна пепел е пронајдена и на дваесетина километри од Етна.

Ерупцијата била видлива и од градот Таормина, оддалечен педесетина километри.

На Бадник 2018 година, поради ерупцијата на Етна, воздушниот сообраќај беше во прекин, а четири дена потоа, земјотрес со јачина од 4,9 степени ја потресе Сицилија. Немаше жртви, но повредени беа четири лица и неколку згради беа оштетени.

Првиот пишан доказ за ерупција на Етна, вулкан висок 3.300 метри, датира од 425 година п.н.е., Иако ерупциите се чести, тие ретко предизвикуваат голема штета.