Екипата на Рома го доби градското дерби против Лацио со 2:0,а Лацио натпреварот го заврши со играч помалку откако Ачерби во 88-ма доби втор жолт картон. Мкхтаријан во 42-ра и Педро 78 донесоа победа на Рома.

Сега Лацио има 67 бодови, Рома 61, па со оглед на тоа дека до крајот останува уште само едно коло да се одигра, уште сега може да се каже дека следната сезона претставници на Италија во Лига Европа ќе бидат токму овие две екипи, Рома и Лацио.