Горан Мицевски од Битола, познат во јавноста како фронтмен и тромбонист на бендот Brass Brothers, на публиката и подари уште едно дело од неговиот инструментален опус.

„Прошетка во вселената е дело кое без зборови успева да раскаже една инспиративна приказна за музиката која е дел од сите нас, од се она што не опкружува. Прошетка во вселената претставува и лично интимно поклонување малиот човек пред бескрајноста на универзумот, но и отворање на големата душа подготвена да го впие целиот универзум во себе. Со огромна љубов ова мое дело и го подарувам на публиката и посакувам секој во него да пронајде инспирација која ќе го води напред“, изјави Горан Мицевски за порталот zoom.mk.