Во Владата на Република Северна Македонија ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор.

На настанот обраќање ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.

Потоа и официјално ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор од страна на  министерката Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Трендафилов, информираа од владината прес-служба.

По потпишувањето на договорот во Свечена сала, ќе се одржи прес- конференција во 17:00 часот на која изјави за медиумите ќе дадат вицепремиерот Битиќи, министрите Бесими и Тренчевска, како и претседателот на ССМ, Трендафилов.