Еден месец СДС ни да гукне за Груби, тоа е се уште истата партија која ја водеа Заев и Ковачевски, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, според него, не може да излезе од сенката на Заев и Ковачевски, и уште дословно, како што вели, се држи до нивните политики и крими коалиции.
„Венко Филипче не собра храброст да се извини за Артан Груби. Филипче не најде сили да се извини зошто владата на СДС која управувала со МВР не преземала ништо со години да го спречи неговиот криминал.
Венко Филипче и денешното СДС уште го штитат Артан Груби и неговиот политички договор со Заев и Ковачевски.
СДС е континуитет на криминалите кои 7 години ги правеа.
Ако Венко Филипче не најде сили да се извини за Груби целосно ќе го зацементира СДС на дното“, додава Петрушевски.