Иако се откажа од актерството, појавувањата на црвениот тепих и раскошните забави и светот во Холивуд буквално го остави во минатото, Камерон Диаз денес е многу активна на социјалните мрежи каде во нејзините секојдневни авантури ја следат нејзините најверни фанови. Можеби повеќе немаме прилика да ја гледаме во нови филмски и телевизиски проекти, но Камерон Диаз повторно најде пат до обожавателите. На својот официјален профил, на кој некогаш не беше толку активна, сега зачестено се јавува и ги изненадува сите. Во едно такво видео таа го покажа и својот скриен талент.

Фото: EPA/ ANDY RAIN

Имено, поранешната актерка во последните месеци се заврте кон новата кариера. Таа со својата пријателка влезе во нов бизнис и отвори винарија. Токму затоа таа сега ги рекламира своите вина и шампањи кога и да има можност за тоа. Преку кулинарските репортажи од својот дом или пак преку славните и богати пријателки.