Водителката Опра Винфри се расплака за време на интервјуто со принцот Хари, додека се присетуваше на страшното искуство од повеќекратното силување кое го доживеала од страна на повозрасен роднина, кога имала само девет години.

Таа за трајната траума предизвикана од сексуалните напади на кои била изложена до 14-та година, зборуваше во својата нова емисија за менталното здравје „The Me You Can’t See“, а на која започна да работи во соработка со Хари.

Опра во првата епизода од својата нова емисија, низ солзи реагираше за сопствената траума од детството, објаснувајќи дека не знаела што е тоа секс и силување кога 19-годишниот роднина започнал да ја силува како дете.

Славната водителка откри дека тоа искуство ја научило дека младите девојки никогаш не се на сигурно.

„На 9, 10, 11 и 12 години ме силуваше мојот 19-годишен роднина“, додаде таа:

„Не знаев што е силување. Секако не бев свесна за тој збор. Не знаев што значи тоа секс, немав поим како се прават деца, не ни знаев што ми се случува. И јас ја чував таа тајна“, му раскажа таа на Хари.

„И тоа е нешто што го прифатив, дека едно девојче не е безбедно во светот преполн со мажи“, изјави таа.

Опра и претходно во јавноста откри детали од својата трауматична историја на сексуални напади кои ги доживеала во детството, откривајќи дека неколку роднини, вклучувајќи го и нејзиниот вујко, ја злоставувале до 14-годишна возраст кога забременила и била испратена да живее со нејзиниот татко.

Но нејзиниот прв силувач бил нејзиниот тогаш 19-годишен роднина, кој ја злоставувал неколку години. Таа никогаш не го откри неговото име.

„Ме одведе во продавница за сладолед додека крвта сè уште ми течеше по нозете и ми купи сладолед“, открива Опра што се случило по првото силување.

Водителката нагласи и зошто е толку важно да го споделите тоа што се случило.

„Раскажете ја приказната, можноста на глас да кажам: Тоа ми се случи, е пресудна“, изјави таа.