Документарниот филм „Kreka: Dreamcatcher“ за српскиот сценограф Миљeн Кљаковиќ Крека е најавен на одличен начин, во кој ќе зборува и холивудската ѕвезда Џони Деп.

Филмот „Kreka: Dreamcatcher“ во режија на Слободан Иветиќ, ќе ја раскаже приказната на најпознатиот српски сценограф Миљен Кjаковиќ Крека, чија премиера е предвидено да се случи на 16 мај.

За Крека ќе зборуваат актерот Џони Деп, режисерот Бери Левинсон, продуцентот Мати Лешим и кинематограферот Виторио Стораро.

Но, најавата за документарниот филм предизвика бурни реакции во регионот, бидејќи Џони Деп прозборе на чист српски јазик.

Имено, додека актерот беше во друштво на Миљен Кjаковиќ Крека, тој одеднаш рече: „Је*и га! Хајде да се напијемо“.

Од видеото може да се забележи дека Крека и Деп се буквално блиски пријатели, но тоа не е воопшто невообичаено за Миљен затоа што тој работел со многу холивудски ѕвезди и добитници на Оскар во својат 40-годишна кариера.