Хатај е еден од регионите во Турција погодени од земјотресот. Има голем број жртви и повредени, но има и живи луѓе под урнатините. Објавено е видео од кое и срцето пука, како спасувачите зборуваат со девојче и се обидуваат да ја утешат додека не го расчистат просторот за да ја спасат.

Катастрофалниот земјотрес погоди 10 градови во Турција, а има илјадници жртви. Катастрофалниот земјотрес ја зафати и соседна Сирија каде исто така е голем бројот на жртви и повредени.