Екипата на Лестер пред четири години приреди вистинско изненадување кога ја освои шампионската титула во Премиер лигата и оттогаш е во врвот на англискиот фудбал.

Челниците на Лестер одлучија да не ги спуштат стандардите под тоа ниво и екипата е рамноправен ривал на гигантите како Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челси, Манчестер сити, а сега се одлучија за нов потег со кој ќе го зацврстат статусот во англискиот фудбал.

Лестер го претстави својот нов тренинг центар кој ќе биде еден од најмодерните и најлуксузните во светот, а во него ќе има дури и вештачки езера.

Неверојатниот проект управата го претстави и низ бројки.
– Ќе има седум згради вклучувајќи го и „Кинг Пауер“ и спортска академија.
– Предвидени се 30 поединечни соби за фудбалерите и тренерскиот тим.
– Ќе бидат засасени 21.593 дрва низ целиот комплекс за да не се наруши еколошката средина.

– Дури 1.5 милиони литри вода ќе има во контејнери и ќе се користи за наводнување на целата површина на комплексот од девет километри.
– Во седумте згради ќе има поставени 200 телевизори.

– За изградба на тренинг комплексот ќе се употребат 185.000 цигли.
– Ќе биде изграден вкупно 21 фудбалски терен, од кои 14 ќе бидат во оригинална големина.
– Ќе се изградат и четири езера за поддршка на флората и фауната

– Ќе има 499 места кои ќе бидат достапни на јавноста и медиумите на главниот терен.
– Ќе се искористи 1.780 тони челик за изградба на седумте згради.
– Ќе биде изграден и мини терен за голф со девет дупки.
– Целиот комплекс ќе биде изграден на 185 хектари.