Доста се зборува за  пресметката на Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку на мечот од Купот кога имаше доста навреди, а беше избегнат физички контакт, односно пресметка. Вчера Милан и Интер (0:3) го одиграа дербито, а многумина очекуваа да видат како ќе се однесуваат токму овие двајца. На камерите ништо не може да им избега. Па, така при еден прекин на Интер двајцата стоеја еден до друг, но од видеото може да се примети дека се преправаа како да не се гледаат еден со друг.