Околу 150-200 навивачи извршија напад на клупските простории на Олимпик Марсеј.

Навивачите на Олимпик Марсеј денеска упаднаа во тренинг центарот на екипата и со своето пиротехничко шоу го „запалија“ центарот ,   фрлајќи чадни бомби и бакљи на главниот влез , јавуваат медиумите.
Околу 150-200 навивачи на Олимпик Марсеј го нападнаа тренинг центарот на клубот барајќи оставка на претседателот Жак Анри Ејар.

Радио Монте Карло објави дека група навивачи успеала да влезе во тренинг центарот, но нема информација дали за време на нападот, во него биле присутни и фудбалерите на Олимпик Марсеј заедно си стручниот штаб кои вечерва ги очекува натпревар против Рен во француската Лига 1.