Точно шест минути и 12 секунди му беа потребни на Мохамед Салах да го комплетира „хет-трикот“ против Глазгов Ренџерс. Воедно, тоа е најбрзиот хет-трик на еден фудбалер во историјата на Лигата на шампионите.

Египѓанецот првиот гол вчера во Глазгов го постигна во 76. минута, за до 81. минута ги постигне сите три гола, кои го однесоа тимот од Енфилд до триумф.

Со овие три гола Салах покажува дека се враќа во форма, и тоа токму пред дербито во Премиерлигата против Манчестер Сити, и покрај тоа што Ливерпул е далеку од Сити на табелата.

Прикажи повеќе