Сириско момче кое се сними под урнатини од катастрофалниот земјотрес. Во него вели дека не знае дали ќе преживее, но ако се сподели пораката, се надева дека спасувачки екипи, сепак, ќе успеат да стигнат до него.

„Го снимам ова водео. Не знам дали ќе преживеам или умрам. Ако ова видео се сподели, можеби ќе значи дека некој ќе ме најде“, рече тој во видеото.

„Не можете да го знаете ова чувство, ако не сте го доживеале ова. Ова множат да го разберат само оние кои еднаш биле под урнатини“, порача тој во видеото и додаде дека во зградата во која што живеел пред земјотресот, биле уште три-четири семејства.