Аргентина преку пенали ја совлада Колумбија, па на 10-ти јули закажа финале на Копа Америка против Бразил.

Во центарот на вниманието по пенал серијата беше најдобриот Аргентинец, Лионел Меси. Имено, тој цело време го провоцираше Мина, противничкиот фудбалер, а кога овој го промаши ударот од белата точка му довикна: Зошто сега не танцуваш?

Секако сето ова го забележаа камерите. Ништо понежен во своите провокации до истиот фудбалер не беше ниту голманот на Аргентина.