Денеска во рамките од 17 коло во најсилното турско првенство екипата на Коњаспор приреди изненадување совладувајќи го Галатасарај на домашен теренсо 4:3 (1:1).

Голем придонес во овој триумф имаше македонскиот репрезентативец Ердон Даци кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Нашиот играч го постигна водечкиот погодок во 41 минута (1:0), а вториот го реализираше во 46 минута.

Тоа беа првите погодоци за Даци оваа сезона за Коњаспор во вкупно досега шест настапи за неговиот клуб.

За Коњаспор ова е шести триумф во шампионатот за моментно осмо место со 22 бодови, осум помалку од четвртопласираниот Галатасарај.