Иако У23 тимот на Тотенхем водеше со 0:2, во второто полувреме У23 Челси направи целосен пресврт и триумфираше со 3:2.

Тоа беше натпревар од втората Премиер лига, дерби во кое за резервите на Челси играше легендарниот голман Петр Чех (38) кој се врати на терените после една и пол година.

Се пензионираше на крајот од сезоната 2018/19 како голман на Арсенал. На „Стемфорд Бриџ“ беше 11 сезони, запиша 494 настапи и освои 11 трофеи.

Чешкиот чувар на мрежата оваа сезона е пријавен во Премиер лигата како голман на лондонскиот клуб. Чех на денешниот меч прими голови во третата и 17 минута од средбата.

Вториот погодок на У23 тимот на Тотенхем го реализираше Дејн Скарлет, 16-годишен играч кој не беше ни роден кога Чех потпиша за Челси во летото 2004 година.