Веќе сме навикнати Лејди Гага да биде потполно директна во комуникацијата со надворешниот свет и постојано да потенцираме колку ги сака своите обожаватели. Сепак, нејзиниот последен гест разбесни поединците на социјалните мрежи.

Поп – ѕвездата кога ја напуштила својата хотелска соба во Италија, изненадена од бројот на обожаватели кои со нетрпение ја чекаа пред хотелот решила да им подари свежо цвеќе – но без да ги допира.

Наместо да ги фрли кон нив, убавите свежи лалиља, Гага ги фрли на земја, а обожавателите потрчале да ги земат.

Дел од нејзините фанови беа лути на овој гест на Гага наведувајчи дека сè изгледало како да „храни гулаби“.