Реал Мадрид во последниот натпревар од 14. коло од Ла Лига славеше на гости кај Еибар и се искачи на делба на лидерската позиција на табелата со градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Ова беше четврта победа по ред за „кралевите“, а заслугите одат на сметка на Карим Бензема. Бензема го отвори резултатот во шестата минута, а во 13. минута му асистираше на Лука Модриќ за водство од 0:2.

Домашните фудбалери преку Кике Гарсија во 28. минута намалија на 1:2, а точка на натпреварот стави Лукас Васкез во последните моменти од натпреварот.