Најпознатата старлета Ким Кардашијан плачеше пред камерата во последната епизода на реалното шоу „Keeping Up With Kardashians“ поради разводот со раперот Канје Вест.

Ријалити ѕвездата им открила на своите сестри како се чувствува во врска со разводот од раперот, со кого беше во брак 13 години.

„Не можам повеќе да го правам ова. Го изневерив“, започна Ким низ солзи, додавајќи:

„Тој е одличен татко и мислам дека заслужува некој што ќе го поддржува секој негов потег, кој ќе биде со него и ќе го следи каде и да оди. Се чувствувам како губитник на крајот од 13-годишниот брак“, искрено изјавила Ким, додека сестрите ја тешеле.

На почетокот на оваа година, Ким поднесе барање за развод од Канје, а тие подоцна одлучија дека ќе продолжат заедно да ги воспитуваат своите четири деца.

Во меѓувреме раперот се пресели во Вашингтон, а Ким остана со децата во Хиден Хилс.

Инаку, откако и соопштија на јавноста дека ќе стават крај на бракот, светските медиуми ги поврзаа Ким и раперот со нивните нови љубовни партнери. Последната претпоставка е дека Канје тајно се состанува со манекенката Ирина Шајк.