Камил Стох триумфираше на третата скокалница од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, во австрискиот Инсбрук.

Полјакот со скокови од 127,5 и 130 метри, и вкупно 261,6 поен дојде до убедлива победа. На второто место се најде Анже Ланишек од Словенија, а трет Давид Кубацки (победникот на втората скокалница Гармиш-Партенкирхен) од Полска.

Моментно во генералниот пласман води Стох со 809,9 поени и доколку не направи грешка на последната станица, ќе го освои неговиот трет трофеј на ова престижно натпреварување, „Златен орел“.

Второпласиран е Кубацки со 794,7 бодови, а Гранеруд и Гајгер се наоѓаат на третото и четвртото место со 789,3, односно 785,2 бодови.

Турнејата ќе заврши со четвртата скокалница во Бишофсхофен (Австрија), а возбудувањата ќе продолжат на 6 јануари (среда).