Најмладата македонска олимпијка имаше солиден настап на ОИ во Токио во дисциплината 100 метри слободно. Таа во својата квалификациска група заврши на првото место со време од 57:19 секунди, но сепак тоа време не беше доволно да се пласира во полуфиналето, каде одат 16-те пливачки со најдобро време.

Овој резултат е послап од нејзиниот со кој пред месец дена обезбеди Б норма и беше 57:13. 15 годишната македонска претставничка заврши на 40. место од вкупно 52 пријавени пливачки на 100 метри слободно. Најдобрите 16 се пласираат во полуфиналe.