Победата од 4:0 против Казахстан е добра увертира за дебитанскиот настап на Македонија на ЕП. Со добра атмосфера победа и реми против Словенија, нашите репрезентативци ќе го дочекаат првиот меч против Австрија на 13-ти јуни.
Одлична партија прикажаа сите, а имаше простор и да покажат дел од својот потенцијал, мајсторски дриблинзи. Еден таков е на Елиф Елмас, а противникот не знаеше каде се наоѓа.