Секогаш од Игор Џамбазов очекуваме некоја нова интересна фотографија, забавно видео или убава порака споделена на неговиот инстаграм – профил

Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено станаа омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, взаемната поддршка и позитивната енергија.

Овој пат, Игор не запозна со петелот по име Перо од струмичкото село Петралинци и како што кажа Игор тој има 6 „невести“, а на шега глумецот сподели дека тој самиот не може „да излезе на крај со една“!

Потоа Илина го праша Перо петелот дали го слушаат невестите.

Навистина Игор и Илина секогаш успеваат да не расположат и насмеат